Втората четвртина клучна за поразот од Куманово

Нашите момци од МЗТ Скопје УНИ Банка загубија од еден од конкурентите за опстанок со 62:70, во меч кој прилично потсети на првиот во Куманово каде што останавме без триумф во мечот кој можеше и ние да славиме победа.

Со шут 16/27 за слободни фрлања и 2/16 шут за три поени и пресудната втора четвртина не можевме да стигнеме до посакуваната победа и изненадување против екипата на Куманово. За текот на натпреварот да биде потежок, во првата четвртина се повреди репрезентативецот Максим Митевски кој не се врати во игра до крајот на натпреварот.

Лука Петровски со 19 поени, Андоновски со 16 поени беа најпоентерски расположени во нашиот тим, додека Доган и Рансом постигнаа по 8 поени. Новиот тренер Бојан Христовски, ќе почеке за деби победа веќе следното коло против екипата на Феникс 2010.