Драматичен финиш и минимален пораз од Тарту!

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром драматичен пораз од естонскиот претставник Тарту (92-95) во натпревар од второто коло во ФИБА Европа купот.

Македонскиот шампион беше на прагот да оствари историска, прва европска победа во 21 век во натпреварувањата под капата на ФИБА, но прими тешка тројка во самиот финиш од средбата.

Натпреварот донесе голема борба во која гостите во еден момент стигнаа и до двоцифрена предност. Сепак, аеродромци не се предадоа и со извонредна серија од 13-0 во самата завршница успеаја да направат целосен камбек и да дојдат до изедначување. Кога се чинеше дека моментумот е на страната на домаќините и дека историскиот триумф е на дофат, естонскиот тим во последниот напад погоди исклучително тежок удар за три поени преку рака, со што ги урна надежите на македонскиот состав за европска радост.

Во редовите на МЗТ Скопје најефикасен поединец беше Димитрије Николиќ кој забележа одличен учинок од 22 поени и девет скока. Двоцифрен поентерски ефект кај „сино-белите“ остварија и Ноа Фарахан со 18 поени, Тадија Тадиќ со 15 и Војдан Стојановски кој го заврши мечот со 11 поени.

Следниот предизвик за МЗТ Скопје на меѓународната сцена е гостувањето во Германија кај екипата на Вурцбург, натпревар кој е закажан за 20 октомври. Претходно, екипата ќе им се врати на домашните обврски, каде в петок (16 октомври) со почеток во 18:00 часот на свој терен ќе го пречека составот на ТФТ во рамките на македонската Суперлига.