Во пеколен финиш му се реванширавме на дебитантот Феникс 2010

Му се одмаздивме на уште еден должник, овој пат на Феникс, тимот кој не совлада во претходниот дуел, а кому му вративме со иста мера совладувајќи го вечерва на домашен терен со 87-74.
Противникот пружи силен отпор, но пресуди нашиот поголем квалитет, кој најмногу дојде до израз во финишот, кога со серија 15-4 ги решивме сите дилеми околу победникот. Со постигнати 59 поени од клупата и контрола на скокот стигнавме до посакуваниот резултат.
Војдан Стојановски со 22 поени беше најпрецизен во нашиот тим, Хуан Дејвис додаде 10 поени и осум скока, додека Дамјан Стојановски имаше 15 поени.
Ова беше деветта победа по ред за МЗТ Скопје Аеродром во Првата лига, во пресрет на последниот меч од регуларниот дел од сезоната, следната недела против Навико Академија ФМП.