Пуштени во продажба билетите за мечот со Партизан!

Без разлика на непријатностите околу промената на терминот на одигрување, продолжуваат подготовките за дуелот помеѓу МЗТ Скопје Аеродром и Партизан, закажан за следниот понеделник (10 октомври) во 16 часот, за кој од денеска се пуштени билетите во продажба и тоа поделени во три различни категории по цена од 500, 400 и 300 денари.

Согласно безбедносните насоки од МВР, а според Законот за спречување насилство на спортските терени (ЗСНСТ), за навивачите, симпатизерите и за сите останати кои сакаат средбата да ја следат со обележја, знамиња или да навиваат за Партизан е обезбеден посебен дел во салата „Јане Сандански“. Станува збор за Блоковите 2,3,4,5 и А2, кои ќе се продаваат по цена од 500 денари, а кои црно-белите фанови ЗАДОЛЖИТЕЛНО ќе мора да ги поседуваат. Во спротивно, ако бидат забележани на друго место во салата, веднаш ќе бидат отстранети од спортскиот објект.

Останатите кошаркарски вљубеници од државата ќе може да купат билети од блоковите А3 и А6 по цена од 400 денари и од Блоковите 6,7,8,9,10,11,14 и 15 по цена од 300 денари. Секако и понатаму се продаваат сезонските билети, кои се покажаа атрактивни за купување изминатиов викенд, а кои можат да се купат по цена од 2.500 денари за Блоковите А3 и А6 односно по цена од 2.000 денари за Блоковите 6 и 14.

Истовремено, сакаме да апелираме до сите навивачи, симпатизери и останати вљубеници во кошарката кои сезонава ќе доаѓаат во „Јане Сандански“ за фер и коректно навивање и пред сѐ за воздржување од фрлање предмети на теренот. Пропозиците на АБА сезонава се ригорозни, најмалата казна е 15.000 евра, а судиите имаат препораки веќе по третата опомена да ја испразнат салата, што апсолутно никој не сака да се случи.

Билетите ќе може да се купат во сите продажни места на „МКТикетс“ во Скопје и низ државата, како и преку интернет на следниот линк, како и на билетарницата пред СЦ „Јане Сандански“ од утре до натпреварот во понеделник во периодот помеѓу 10 и 18 часот.

ЦЕНИ НА БИЛЕТИ:

Блокови 2,3,4,5 и А2 – по 500 денари

Блок А3 и А6 – по 400 денари

Блокови 6,7,8,9,10,11,14 и 15 – по 300 денари

Блокови 1, 16 и А1 засега да не се продаваат.

НАПОМЕНА: Сите навивачи и симпатизери на Партизан кои планираат да се појават со клупски обележја, знамиња или само да навиваат за црно-белите ЗАДОЛЖИТЕЛНО да купат билети од блоковите 2,3,4,5 и А2. Ако бидат забележани на друго место во салата ќе бидат отстранети од трибините.