„Триглав Осигурување“ останува дел од спонзорскиот тим на МЗТ Скопје Аеродром

Управата на МЗТ Скопје Аеродром со гордост може да ја потврди дека и во сезоната која е во тек ќе ја има поддршката и финансиската помош од компанијата „Триглав Осигурување“ АД Скопје, која веќе подолг период наназад е дел од нашиот победнички тим на спонзори.
Станува збор за компанија која е долгогодишен лидер на пазарот во сферата на осигурувањето, а која како друштво постои на македонскиот пазар повеќе од 45 години. „Триглав Осигурување“ АД Скопје е пазарен лидер со прогнози за раст и углед на стабилна финансиска организација, што е само еден од показателите дека ги применува корпоративните стандарди и вредности на групацијата на која што припаѓа, секако прилагодени на македонскиот пазар и менталитет. Тоа го препознаваат клиентите, а го докажуваат и истражувањата, според кои пазарот го оценува „Триглав Осигурување“ како компанија која нуди највисок квалитет, финансиска сигурност и доверливост. Во рамките на независното истражување на пазарот, македонската јавност го оцени „Триглав“ како осигурителна компанија која нуди апсолутно најдобар квалитет на македонскиот пазар.
Со потпишувањето на договорот, оваа компанија им се придружи „УНИ Банка“, „Млекара Ѓоргиеви“, „Болница Неуромедика“, како и на уште неколку други фирми кои несебично го помагаат нашиот клуб со цел да ги оствариме посакуваните резултати, а тоа е освојување на осмата титула, десеттиот трофеј во Купот на Македонија како и највисок пласман во АБА2-лигата.
Соработката со „Триглав Осигурување“, како и со еминентните фирми кои веќе ги набројавме, декако би требало да бидат и мотив плус за останатите општествено-одговорни компании кај нас да ја препознаат нашата победничка приказна и да станат дел од нашиот тим пријатели, без чија помош не би можеле да се стремиме кон најголемите височини.