Сутјеска ни е првата пречка од троскокот кон АБА1-лигата!

Екипата на Сутјеска е нашиот четвртфинален противник на стартот од плејофот во НЛБ АБА2 лигата, што ќе биде воведен меч за избраниците на тренерот Александар Петровиќ во плејоф-завршницата, која ќе се одржи во „Јане Сандански“ во Скопје (13-17 април).

Евентуалната победа против должникот од Никшиќ, кој минимално, со кош во последната секунда, нè совлада во регуларниот дел од сезоната, би ни донела полуфинале против подобриот од босанскиот дерби помеѓу Широки и Спарс.

Затоа, уште од сега заокружете ги датумите 13, 15 и 17 април, ослободете се од сите обврски за да дојдете во салата во Аеродром и да ни помогнете заеднички да дојдеме до посакуваната цел – пласман во АБА1-лигата.

АБА2 ЛИГА – ПЛЕЈОФ

ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ (13 април)

(1) МЗТ Скопје – Сутјеска

(2) Хелиос – Златибор

(3) Борац БЛ – Младост Земун

(4) Широки – Спарс

ПОЛУФИНАЛЕ (15 април)

(5) Победник 1 – Победник 4

(6) Победник 2 – Победник 3

ФИНАЛЕ (17 април)

Победник 5 – Победник 6