Со одличен шут од сите позиции до прва победа сезонава во АБА2!

Прва победа за нашите кошаркари во вториот меч сезонава во АБА2, откако на средбата во Суботица беа подобри од големиот домашен ривал Пелистер (91-78).
Тоа беше класично „револверашко дерби“ во кое шутот за три поени беше главно оружје на двете екипи, со оглед што двата тима реализираа вкупно 22 тројки, од кои 10 реализираа момците во сино-бело. Водевме во поголемиот дел од натпреварот, а клучната предност ја обезбедивме на стартот од последниот период, кога со серија 10-2 дојдовме до плус 13 (85-72), водство кое ни овозможи мирен финиш.

Македонскиот првак имаше и пет украдени топки повеќе (10-5), немаше промашено слободно фрлање (9/9), а бевме одлични во ударите за двојка, во кои погодувавме два од секои три обиди (26/39). Војдан Стојановски со 20 поени (4/6 за тројка) беше најпрецизен во нашиот состав, зад него беа Душан Танасковиќ и Дамјан Стојановски со по 16 поени, додека двоцифрен поентерски ефект имаа уште и Седрик Расел со 14 и Андреј Андоноски со 11 поени.
Следниот турнир се игра на Златибор (Србија) за точно еден месец, каде што ќе ги одмериме силите со Хелиос, Сутјеска и Борац Бања Лука.