Пораз во Битола, прв сезонава во Првата лига!

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го претрпеа првиот пораз сезонава на домашна сцена, откако вечерва загубија на гостувањето кај Пелистер (71-81).

Лошата игра во поголемиот дел од првото полувреме скапо нѐ чинеше, со оглед што на три минути пред крајот на овој дел од мечот имавме негатива од 20 поени (18-38). Тогаш заигравме далеку подобро, па прво со серија 12-2 намаливме на минус девет (30-39), за кон средината на третата четвртина да му се доближиме на домаќинот на само два поени разлика (46-48). Но тука застанавме, заморот си го зеде данокот, со оглед што игравме со скусена ротација, без Марко Баковиќ, а во поголемиот дел и без Бојан Крстевски, кој брзо по стартот го повреди скочниот зглоб.

Седрик Расел со 18 поени и Душан Танасковиќ со 17 поени и 10 скока беа најефикасни во нашиот тим, додека двоцифрен поентерски ефект имаа уште Ејасу Ворку со 14 поени и Војдан Стојановски со 10 поени.

Следниот предизвик нѐ чека веќе в сабота, кога ќе му гостуваме на вечниот ривал Работнички во СРЦ „Кале“.