Шеста победа во седмиот меч сезонава во Првата лига!

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром дојдоа до шестата победа сезонава од Првата лига, откако вечерва, на домашен терен, го совладаа тимот на Феникс (73-64), со што ја отворија седмата рунда од домашната елита.

Нашите момци клучната предност ја направија во финишот од третата и почетокот од последната четвртина, кога со серија 11-2 дојдоа до највисоките плус 11 (63-52), кои им обезбедија мирен финиш и сигурна победа. Војдан Стојановски со 20 поени беше лидерот во таборот на МЗТ Скопје, додека зад него беа Андреј Андоновски и Ејасу Ворку со по девет поени.

Момците во сино-бело во ноќта помеѓу недела и понеделник ќе заминат на Златибор (Србија) каде што следната недела ќе одиграат три меча на вториот турнир сезонава во АБА2 и тоа против Хелиос (14.11), Сутјеска (16.11) односно против Борац БЛ (18.11).