ИН МЕМОРИАМ: Почина Јанко Луковски – наш поранешен играч и тренер!

Македонската кошарка, но и нашиот клуб остана без една од своите легенди, Јанко Луковски, кој на 77-годишна возраст почина ноќеска во својот дом во Нови Сад.

Еден од основоположниците на модерниот макбаскет како играч беше дел од МЗТ Скопје во периодот помеѓу 1976 и 1978 година, додека на клупата на сино-белите седеше во сезоната 1997/98, претпоследната во неговата богата караиера. Неговите патишта со клубот од Аеродром се вкрстија и пред пет години, кога беше кооптиран во нашиот стручен штаб како советник на тогашните тренери и задолжен за работа со талентите од младинската школа на нашиот клуб.

МЗТ Скопје Аеродром изразува најдлабоко сочуство до семејството, пријателите и до сите почитувачи на кошаркарскиот опус на легендарниот Луковски.