Неуспешно го почнавме настапот на турнирот на Златибор!

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го претрпеа вториот пораз во третиот меч сезонава во АБА2, откако попладнево неочекувано загубија во пресметката со словенечки Хелиос (83-87).
Аеродромци водеа во најголемиот дел од средбата, во еден момент и со огромни плус 15 (50-35), но противникот во финишот направи серија 13-0, а со тоа и целосен резултатски пресврт (84-75), кое му ја донесе победата. Не шутиравме најдобро за тројка (7/25) , додека овие удари беа најсилно оружје на составот од Словенија (11/27), кој згора шутна огромен број слободни фрлања (28) во однос на нашиот тим кој упати два ипол пати помалку удари од линијата за еден поен.

Војдан Стојановски беше најефикасен кај МЗТ со 19 поени, додека зад него беа Душан Танасковиќ со 18 поени и седум скока и Ејасу Ворку со 15 поени и осум асистенции, додека двоцифрен беше и Бојан Крстевски со 10 поени.
Следниот меч на турнирот на Златибор го играме веќе задутре (четврток) против екипата на Сутјеска (15 часот).