Серијата засилувања ја продолжуваме со „Хантерс ДООЕЛ“

Серијата засилувања на нашиот спонзорски тим ја продолжуваме со градежната компанија „Хантерс ДООЕЛ“ од Скопје, која се занимава со инвестирање, проектирање, изградба и продажба на станови. Таа постои веќе 20 години и има изведено над 200 објекти со најразлична намена како што се комерцијални, јавни, индустриски, административни и станбени објекти во Македонија и во странство.

Богатата референтна листа на нашиот нов партнер е надополнета со експертиза, современа сопствена опрема и квалификуван кадар. Доказ за успешното работење се бројните соработници кои доаѓаат по препорака на од претходно задоволните клиенти со кои компанијата соработувала во минатото.

Добредојдовте во плаво-белото семејство!