Пеколна трета четвртина за убедлив триумф над Чаир 2030

Преубедлив триумф на домашен терен против Чаир 2030 (91-58) во меч кој требаше да биде дерби, но во кој покажавме дека сме далеку поквалитетни од конкуренцијата. Во третиот период одигравме блескаво (32-5) како потврда на големата доминација.

Душан Танасковиќ беше лидер со 21 поен, а двоцифрен поентерски ефект имаа и Дамјан Стојановски и Дамјан Робев со по 11 поени и Марко Миловановиќ со 10 поени.

Следен противник ни е Вардар, кај кого ќе гостуваме следниот викенд.