Рутинска победа кај Вардар

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром дојдоа до рутинска победа на вечерашното гостување кај Вардар (96-61) за зацврстување на првото место на табелата.

Марко Бакович со 13 поени и 10 скока беше прво име во нашиот тим, а одлично го следеа Марин Петков со 13 поени, пет скока и шест асистенции и Ејасу Ворку со 11 поени и по два скока и асистенции.

Следен противник ни е Академија ФМП во меч закажан за в четврток (19 часот).