Седрик Расел повеќе не е кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром!

Американецот Седрик Расел од денеска и официјално повеќе не е кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром, откако со него беше потпишан спогодбен раскин на договорот.

Оваа одлука e донесена во заеднички интерес, со цел двете страни да пронајдат подобри опции за до крајот на сезоната. Американскиот бек во домашното првенство одигра 13 средби со просечна реализација на 10 поени со не баш сјајна 39,8-отстотна прецизност, додека во АБА2 настапи на осум меча со просек од 13 поени со за нијанса попрецизен шут.

Управата на клубот веќе е во потрага по поквалитетна опција на бековската позиција, со цел тимот да влезе уште посилен во вториот дел од сезоната во кој атакуваме на домашните трофеи како и на што е можно подобар пласман во регионалното натпреварување. На Расел, пак, му посакуваме среќа во понатамошната кариера.