Атанасов: Најдоброто го сочувавме за самиот крај!

МЗТ Скопје Аеродром од Нови Сад се враќа со три победи, меѓу кои највредна секако е последната во синоќешната пресметка против Војводина (7-3), со која не само што речиси сигурно обезбедивме плејоф, туку направиме голем исчекор кон што е можно подобра позиција пред стартот на доигрувањето.

Нашите момци одлично одговорија на предизвикот, особено по неочекуваните два по ред порази во македонското првенство. Тренерот Васко Атанасов одлично ја исконтролира ситуацијата на овој „балон“, па како одминуваа мечевите формата на кошаркарите одеше во нагорна линија па така три од три е крајниот епилог, кој и тоа како ја вжешти атмосферата во екипата.

Благодарност до публиката во Нови Сад за аплаузот на крајот, тоа е доказ дека навистина одигравме добро во сите 40 минути. Против Војводина одигравме како што треба, како што сакаме и планираме, едноставно го сочувавме најдоброто за крај. Трите победи и тоа како добро ќе ни дојдат за уште подобра атмосфера во екипата и се надевам дека во ист стил ќе продолжиме во следните два меча од домашната Прва лига, а потоа и во завршницата од Купот на Македонија“, изјави тренерот Атанасов.

Наш следен противник е одличниот сезонава Еуро Никел со кого го делиме првото место на табелата, а кому ќе му гостуваме в среда од 18.30 часот. Потоа нѐ чека домашен меч против ГКК Охрид, по што следува турнирот во Битола (15-17 февруари) за куп-трофејот.