Победа во Кавадарци печатирана со петте тројки во низа на браќата Стојановски

Нашите момци со победа во вечерашното гостување кај Еуро Никел (88-99) ја продолжија успешната низа почната на турнирот од АБА2 во Нови Сад, каде што имавме три од три.

Триумфот беше повеќе од заслужен, а печатиран со петте тројки на Војдан и Дамјан Стојановски во дополнителните пет минути, за враќање на прво место на табелата. Најефикасен беше Душан Танасковиќ со 23 поени и девет скока, Војдан реализира 20, а Ејасу Ворку 17 поени.

Наш следен противник е ГКК Охрид, средба закажана за в сабота (10 февруари) на домашен терен, по што ќе ги почнеме мини-подготовките за завршниот турнир од Купот на Македонија, кој ќе се одржи во Битола (15-17 февруари).