Рутински триумф над Чаир 2030!

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром продолжија со одличните настапи во Првата МТЕЛ лига, запишувајќи нов триумф на домашен терен. Во рамките на 16. коло, „сино-белите“ славеа против тимот на Чаир 2030 со резултат 86-74, обезбедувајќи ја седмата последователна победа во домашното првенство.

Со оваа победа, МЗТ Скопје останува без пораз во 2024 година и го зацврсти првото место на табелата со биланс 13 победи и 3 порази. Најдобри поединци во победата беа Андреј Магдевски со 14 поени, 4 скока и 3 асистенции, Војдан Стојановски со 12 поени и 4 скока и Милош Копривица со 10 поени и 5 скока

МЗТ Скопје продолжува со одлична форма, а следниот натпревар ќе биде уште една можност за продолжување на победничкиот ритам!