„Зегин“ ја продолжи соработката со МЗТ Скопје!
Реномираната фармацевтска компанија „Зегин“ и во следниот период ќе биде дел од спонзорскиот тим на МЗТ Скопје Аеродром, откако беше направен договор за продолжување на досегашната успешна соработка на задоволство на двете страни.
„Зегин“ ги препозна квалитетот и визијата со кои располага нашиот клуб и веќе со години наназад ни помага во обидите за доминација во македонската кошарка, која трае повеќе од една деценија. Во знак на благодарност, на менаџерките на оваа компанија, Викторија и Христина Механџиски, им беше подарен дрес од нашиот тим со нивното презиме.
На обновата на соработката освен претставниците на клубот и сестрите Механџиски присуствуваа и Дејан Митески, градоначалникот на општина Аеродром, која е сопственик на МЗТ Скопје Аеродром, како и Томи Кепевски, директор на сектор логистика во „Зегин“.