Прва лига
МЗТ Скопје поразен во Гостивар, останува лидер на табелата
Серијата победи на МЗТ Скопје застана на бројката седум, откако „сино-белите“ вечерва загубија на гостувањето кај КК Гостивар 1954 со резултат 55-60. Ова беше прв пораз за тимот во 2025 година, но и покрај неуспехот, „металците“ остануваат осамени на врвот на табелата во Првата лига со скор 13-4.
Следен предизвик за избраниците на тренерот Васко Атанасов е завршницата од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“, која ќе се одржи во Гевгелија. МЗТ Скопје ќе ја започне одбраната на трофејот в четврток, во четвртфиналната пресметка против вечниот ривал Работнички.