Рутинска победа над Вардар за задржување на врвот!

Вечерва без многу проблеми дојдовме до триумф против младиот состав на Вардар (88-66) за да ја задржиме предноста на врвот од табелата по 18 одиграни кола во Првата МТЕЛ лига!

Дамјан Стојановски доби поштеда поради поситна повреда од Купот на Македонија, додека Бојан Крстевски и Војдан Стојановски одиграа колку да се загреат за следните предизвици.

Поголема шанса добија младите сили на МЗТ, кои уште еднаш докажаа дека се иднината на клубот! Најефикасни во нашиот тим беа Марко Миловановиќ со 16 поени и 6 скока, Андреј Андоноски со 13 поени, Марин Петков со 11 поени и Дион Едвин со 10 поени.

Следниот предизвик ни е репризата од куп-финалето против Кожув исто така во Гевгелија!