Пораз на гостувањето кај Кожув

Нашите момци не успеаја да триумфираат на вечерашното гостување кај Кожув (71-74), но и покрај тоа остануваат лидери на табелата од Првата МТЕЛ лига со скор14-5.

Дион Едвин со 23 поени и Андреј Маслинко со 21 поен и 11 скока беа најрасположени за игра во сино-белиот табор. Мора да се потенцира и исклучувањето на можеби најмирниот македонски кошаркар во последните децении, Војдан Стојановски и тоа во клучните моменти поради две технички грешки досудени едно по друго поради наводен приговор.

Следен предизвик за избраниците на тренерот Васко Атанасов е натпреварот против ТФТ, закажан за следниот викенд на домашен терен.