МЗТ официјално доби фаншоп!

Верните навивачи и симпатизери на МЗТ Скопје и официјално добија фаншоп и тоа во „Џевахир мол“, каде што ќе може да дојдат до ексклузивни производи во боите и со логото на нашиот клуб.

На денешното отворање присуствуваа и нашите кошаркари и тренери, кои предизвикаа еуфорија кај стотината присутни, кои чекаа во ред за да добијат автограм или заедничка фотографија со своите херои. Беа доделени и дресови со потписи на аеродромските спортски херои.

Настанот беше во организација на Општина Аеродром, која уште еднаш го потврди статусот најспортска општина како единствен сопственик и најголем помагател на најтрофејниот македонски кошаркарски колектив.