Рутинска победа над Гостивар за 26. куп-полуфинале во историјата!

Кошаркаркарите на МЗТ Скопје Аеродром први и по 26. пат во клупската историја обезбедија пласман во полуфиналето од годинешното издание во Купот на Македонија, кое се игра во Битола, откако денеска точно на пладне без поголеми проблеми ја решија четвртфиналната енигма наречена Гостивар (91-76).

Серијата 21-9 во втората четвртина за водство 50-38 се покажа како клучна за нашата победа, која потоа само беше потврдена со највисоките плус 25 (70-45) во третиот период. Харис Делалиќ со 22 поени и по четири скока и асистенции беше најдобар во плаво-белиот тим, додека зад него беа Дамјан Робев со 13 поени (четири тројки во првото полувреме) и седум скока, Душан Танасковиќ со 13 поени и осум скока, како и Ејасу Ворку со 13 поени и пет асистенции.

Наш противник во утрешното полуфинале ќе биде подобриот од пресметката помеѓу Работнички и ТФТ (17 часот).