Рутинска победа над Феникс – осма по ред во Првата лига!

Уште една рутинска победа за нашите момци, осма по ред во македонската Прва лига, остварена во пресметката на домашен терен против Феникс 2010 (83-68), со што одново сме осамени на врвот од табелата со учинок 9-1.

Со серијата 11-0 на стартот од втората четвртина дојдовме до првата поопиплива предност (27-14), која потоа успешно ја менаџиравме до самиот крај. Шанса добија сите од клупата, со цел да нема претеран замор кај кошаркарите во пресрет на значајниот дуел против Сплит.

Самит Југитоглу со 17 поени, до кои дојде со едно промашување од поле (6/7) и со 11 скока беше прво име кај сино-белите, додека Страхиња Миќовиќ средбата ја заврши со 13 поени и шест скока, а Бојан Крстевски и Дамјан Стојановски реализираа по девет поени.

Пресметката од АБА-лигата против поранешниот европски шампион, а сега еден од најголемите ривали во борбата за опстанок ќе ја одиграме в четврток (19 часот), исто така во „Јане Сандански“.