Рутинска победа на гостувањето кај Феникс!

Рутинска победа на нашите момци на вечерашното гостување кај Феникс (78-70), со која го продолживме притисокот врз Пелистер на врвот од табелата во Суперлигата, каде што сме сега на само една победа зад големиот ривал.

Мечот од 3. суперлигашко коло го решивме уште во првата четвртина, која ја почнавме со 18-5, за во вториот период да дојдеме и до највисоките плус 20 (31-11), како најава за крајниот епилог. Идентична предност имавме и пред крајот на третиот период (66-46), по што следеше непотребно опуштање во нашиот тим.

Противникот го искористи тоа и ни го намали водството на само два поени (68-66), но потоа нашиот поголем квалитет дојде до израз и средбата рутински и без проблеми ја приведовме кон „мирни води“ и кон сигурните два бода.

Кристијан Николов со 12 и Бре Ајви со 10 поени беа најпрецизни кај сино-белите, додека Адем Мекиќ дополни со девет, а Хуан Дејвис и Немања Милошевиќ со по осум поени.

Нашиот следен предизвик е на домашен терен и тоа против Гостивар, дуел кој ќе го одиграме в недела (1 мај) на домашен терен.