Против Сутјеска по шеста победа во низа во АБА2-лигата!

Со утрешната пресметка против екипата на Сутјеска (15 часот), кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го почнуваат настапот на четвртиот турнир од АБА2-лигата сезонава, кој ќе се одржи во Бања Лука и на кој ќе одиграме три средби, во кои ќе пробаме да ја продолжиме победничката низа во ова натпреварување.
Нашите момци имаат пет победи по ред, а вкупно шест во досегашните седум кола од регионалниот собир, што секако позитивно (ќе) влијае врз самодовербата кај избраниците на тренерот Дарко Радуловиќ. Тоа, заедно со дебито на новите кошаркари во тимот, Американецот Морис Кари и капитенот на македонската репрезентација, Војдан Стојановски, ќе донесе уште поголема енергија, која и тоа како ќе ни биде потребна во утрешната пресметка, како и во следните две, против Подгорица (среда) и Војводина (сабота).
Сутјеска е тим кој никако не смее да се потцени и кој сè уште е во игра за пласман на завршниот турнир со скор 4-3. Противникот е искусен, опасен и мора да се даде максимумот за да дојдеме до посакуваната цел. Досега имаме одиграно седум натпревари против црногорскиот состав и водиме 4-3 во меѓусебните дуели, со напомена дека сме во мини-серија од две победи, која секако ќе сакаме да ја продолжиме.
Овој натпревар, како и сите останати што ги играме во АБА2, ќе биде директно пренесуван на каналите на телевизијата Арена спорт.