Преку Кожув до седма победа по ред во Првата лига!

Седма по ред победа за нашите момци во домашниот шампионат, обезбедена на лесен и убедлив начин на вечерашното гостување кај Кожув (88-78), во последниот меч од 9. коло од Првата лига, а по кој повторно сме лидери на табелата со скор 8-1.
Клучната разлика ја обезбедивме со агресивната одбрана и фуриозниот напад во третата четвртина, која ја добивме со 31-12 и во која дојдовме до највисоките плус 24 (72-48). До крајот одигравме рутински, со цел да шанса да добијат и играчите од клупата и со цел да не се замориме премногу со оглед што продолжуваме со напорниот ритам натпревари.

Војдан Стојановски со 21 поени и шест скока беше најпрецизен кај сино-белите, Дамјан Робев постигна 16 поени со пет скока, а Бојан Крстевски заврши со 15 поени и седум скока. Двоцифрен поентерски ефект имаа уште Мајк Кафи и Страхиња Миќовиќ со по 10 поени.
Наш следен противник е тимот на Задар, против кого ќе гостуваме веќе в петок, а за кога се очекува и дебито на повратникот во составот, Дастин Вер.