Пораз во финалето, остануваме со десет трофеи во Купот!

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром остануваат со десет трофеи во Купот на Македонија, по неуспехот во вечерашното финале против ТФТ (66-80).

По победите над Гостивар и Феникс, останавме без здив во клучните моменти, во кои го немавме и исклучениот Дамјан Стојановски поради две технички грешки, како и повредениот Адем Мекиќ на целиот натпревар.

Роберт Рикиќ со 16 поени и девет скока беше најефикасен во нашиот тим, додека двоцифрен поентерски ефект имаа уште Дамјан Робев со 12 поени, Бојан Крстевски со 11 поени и Војдан Стојановски со 10 поени.

Сега силите ги насочуваме кон АБА2 и одбрана на титулата.