Дарко Радуловиќ повеќе не е тренер на МЗТ Скопје Аеродром!

Дарко Радуловиќ повеќе не е тренер на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска му беше прекината соработката со нашиот клуб.

Главна причина за ваквата одлука на управата на клубот е неосвојувањето на трофејот во Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“, каде што бевме поразени во финалето од ТФТ (66-80). Тој дојде во нашиот табор пред почетокот на минатата сезона како помошник на Ѓорѓи Кочов, по чие заминување седна на клупата како главен стратег, на која остана до денеска. На Радуловиќ му заблагодаруваме на сѐ што стори за нашиот клуб и му посакуваме сѐ најдобро во понатамошната кариера.

Предводниците на МЗТ Скопје Аеродром веќе работат на ангажирање на неговиот наследник, за што ќе имаат и доволно време, со оглед на паузата од две недели во домашното првенство поради настапот на репрезентацијата на Македонија . Името на нашиот нов тренер ќе го објавиме веднаш чим биде потпишан договорот.