МЗТ ја осигура лидерската позиција пред плејофот!
Кошаркарите на МЗТ Скопје дојдоа до клучната победа за потврда на првото место во регуларниот дел од сезоната, откако вечерва на домашен терен го совладаа тимот на ТФТ со 74-68.
Со овој триумф, „металците“ се реваншираа за поразот во првиот дел од сезоната и со биланс од 15 победи и 5 порази, на две кола пред крајот, ја обезбедија водечката позиција пред почетокот на доигрувањето за титулата.
Клучна за победата беше серијата од 16-3 во текот на првата четвртина, со која МЗТ ја наметна контролата врз мечот уште од самиот старт.
Најефикасен беше Дион Едвин со одлична партија од 23 поени и 12 скока, а значаен придонес дадоа и Војдан Стојановски (12 поени), Андреј Маслинко (11 поени и 9 скока) и Андреј Андоноски кој имаше 12 скока.
Со оваа победа, МЗТ Скопје ќе влезе во плејофот како првопласиран тим во лигата, со јасна амбиција – нова шампионска титула во Аеродром!