Победа над Вардар за задржување на врвот од прволигашката табела!

Рутинска победа на домашна сцена по напорната недела во Широки Брег, со која речиси и теоретски го осигуравме првото место пред плејофот.

Ејасу Ворку и Харис Делалиќ со 16 поени беа најпрецизни кај „металците“, додека Душан Танасковиќ и Марин Петков реализираа по 11 поени. Во нашиот тим го немаше повредениот Дамјан Стојановски, а на трибините беше и Американецот Џон Гилон поради правилото за најмногу четири странци.

Последниот дуел од регуларниот дел од сезоната го игравме в сабота на гости кај Академија ФМП (18.30 часот), каде што со триумф само ќе го потврдиме пласманот на врвот од прволигашката табелата. Во тој случај би имале ист број бодови со Работнички, ако тој го победи Гостивар, но наша е предноста во кош-количникот во меѓусебните дуели.