Победа без проблеми во дуелот со МКК Куманово!

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја продолжија победничката серија во домашното првенство, победувајќи го МКК Куманово со 78-71 во четвртиот натпревар од сезоната.

Натпреварот се одржа на домашен терен, но пред празни трибини поради казната од КФМ за инцидентите од неодамнешното вечно дерби. Аеродромци беа поквалитетен противник и Куманово не успеа да се одолее на силниот старт на домаќините, кои брзо стигнаа до предност од 9 поени (13-4). Кумановци се вратија во игра само во кус период во втората четвртина, но останатиот дел од натпреварот беа во негатива. Четвртиот период донесе двоцифрена предност за МЗТ, која достигна највисоки плус 14 (75-61). Гостите од Куманово успеаја да намалат на осум поени, но не можеа да го завршат пресвртот.

Брендон Слај беше јунак на вечерта со 27 поени, три скока и три асистенции, промашувајќи само два шутa од поле (10/12). Вториот најефикасен играч за МЗТ беше Андреј Маслинко со 10 поени, додека Александар Радукиќ постигна 22 поени за Куманово.

Следен меч за нашиот тим е гостувањето кај Чаир 2030 закажано за следниот петок.