Талентите на МЗТ се претставија на полувремето на мечот со Хелиос!

Присутните на трибините на неодамнешната средба против Хелиос на пауазата на полувремето можеа да уживаат во мајсториите на нашите момчиња од екипата за кошаркари до 14 години, кои ја искористија можноста да покажат барем мал дел од својот квалитет.

Поделени во две екипи предводени од тренерите Тео Митевски и Мартин Анчевски, иднината на нашиот клуб во само неколку минути го промовира својот раскошен талент, покажувајќи дека пред нив е борба за највисок пласман во М-14 првенството организирано од КФМ.

Оваа пракса за промоција на бисерите од нашата младинска школа ќе продолжи и на следните средби кои ќе ги играме на домашен терен, без разлика дали тоа било од Првата МТЕЛ лига или од АБА2 лигата.