Пораз во Чаир по голема борба и дополнителни пет минути!

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром загуби на гостински терен од Чаир 2030, со конечен резултат 94-95 по едно продолжение.

По силна борба и неколку драматични моменти во завршницата, „металците“ не успеаја да го одбранат водството, губејќи шанса за победа во последните секунди на натпреварот. Домаќинот првиот период го заврши со водство од 18-10, а нашите кошаркари во текот на средбата вложуваа напор да ја намалат разликата и да го преземат водството, во што успеаја во финишот на регуларниот дел со серија 11-4 (80-77).

Во екстра-периодот, противникот подобро ја искористи шансата, додека одбраната на МЗТ не успеа да го спречи победничкиот кош на Диванте Мофит, кој го мина Дион Едвид. Нашите момци имаа девет секунди за одговор, но не успеаја да упатат прецизен удар за победа.

Најефикасен во составот на МЗТ Скопје беше Бојан Крстевски со 21 поен, додека Брендон Слај постигна 18 поени, од кои 14 во првите пет минути од натпреварот.