Петта победа по ред во Првата лига и тоа ептен слатка – над Работнички!

Петта победа по ред за нашите кошаркари во домашното првенство и тоа ептен слатка, против најголемиот ривал Работнички (89-83) во салата на противникот. Триумфален старт на тренерот Александар Петровиќ, во меч во кој пресудија нашето поголеми искуство и квалитет.
Во клучните моменти првo направивме серија 16-0 за највисоки плус 11 (69-58), а потоа, пред крајот, со девет поени во низа го одбивме и последниот налет na засилениот противник, кој на овој меч имаше тројца нови странци.
Хуан Дејвис беше прво име во нашиот тим со 21 поен и осум скока, Војдан Стојановски постигна 14, Немања Милошевиќ 13 поени, додека Кристијан Николов реализира 11, а Роберт Рикиќ 10 поени.
МЗТ Скопје Аеродром сега има скор 14-3 со што ја продолжува битката за првото место на табелата пред плејофот.