Официјализирана соработката со „Cryo MK“!

По подолг период на користење на нивните услуги, наше задоволство е да ја официјализираме соработката со Cryo MK, кој е ексклузивен дистрибутер и производител на опрема за закрепнување, медицинска и спортска дијагностика за Југоисточна Европа, со сопствен застапник во Македонија, Хрватска и Полска.

Оваа фирма го има првиот центар за опоравување и дијагностика со цела опрема на крио сауна, пливачки резервоар, норматек, црвено светло, локално крио, крио фузија, ледена бања, кислородна терапија, озонски генератор, кортекс медицинско, hp cosmos, TMG, опто одење, опто скок, гико, полари… Таа соработува со МОК, ИОК, Македонскиот специјален олимписки комитет, Хрватската кинезиологија “Д-р Даворин Антониќ“, „Ларус Спорт“ и кинезиолошкиот факултет од Хрватска, како и со тренери од NBA, EXOS, BAYLOR UNIVERSITY и др.

Станува збор за прва компанија на Балканот што го донесе целиот систем за опоравување и комбинираше со медицинските и спортските дијагностички машини за центри и болници и домашна употреба.