ПАОК со 16 тројки ни го нанесе првиот пораз во петтиот контролен меч!

Нашите кошаркари го претрпеа првиот пораз во петтиот контролен меч во пресрет на новата сезона, откако попладнево не успеаја да дојдат до триумф во пресметката со ПАОК (53-97).

Домаќинот имаше фантастичен шутерски ден, со оглед што постигна дури 16 тројки што резултира со константно зголемување на водството. Бојан Крстевски со девет поени беше најпрецизен кај МЗТ Скопје Аеродром, додека Еван Максвел, Андреј Магдевски и Дамјан Стојановски постигнаа по осум поени.

Претходно, сино-белите беа подобри од Арис, Здравље Лесковац, Борац Бања Лука и Младост Земун, а до почетокот на сезоната речиси сигурно ќе одиграме уште една пријателска средба против ПАОК и тоа в сабота во „Јане Сандански“, што треба да биде потврдено од противникот.