МЗТ Скопје старо-нов шампион на Македонија

shampion

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром и по трет пат го совладаа тимот на Куманово овој пат со резултат 94-85, со што се означи и освојувањето на четвратата шампионска титула во својата клупска историја.

МЗТ Скопје фуриозно го започна мечот и многу брзо создаде двоцифрена предност со која што замина на полуврмето (59-38). Домашните кошаркари најголемата разлика ја создадоа во 22.та минута кога имаа водство од 25 поени разлика. Тогаш почна и големиот пад во играта, кој што пак гостите од Куманово одлично го искористија. Кумановчани со серија од 25-8 успеаа да ја намалат предноста на МЗТ Скопје на едноцифрена разлика пред стартот на последниот период. Со тројката на Мандиќ на 8 мин пред крајот на средвата, Куманово стигна на само четири поени негатива, меѓутоа Стефан Синовец одговори соодветно па разликата во корист на МЗТ Скопје повторно стана двоцифрена. До крајот на средбата домашните кошаркари рутинирано ја одржуваа позитивата за конечни 94-85, што значеше и освојување на четвртиот шампионски трофеј едноподруго.

Сите играчи од првата постава на шампионот беа со двоцифрен поентерски учинок. Предраг Самарџиски беше најпрецизен со 22 постигнати поени и 11 скока. Стефан Синовец постигна 20п, Александар Чапин 16п,   Сеад Шеховиќ 15п, додека Данило Мијатовиќ имаше 11п.

Во редовите на КК Куманово Вукашин Мандиќ беше прв стрелец со 23 поени. Костоски постигна 12, Бранислав Џекиќ 12п.