МЗТ Скопје победник на Суперкупот за 2015 година

superkup

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром се победници на Хуавеј Супер Купот за 2015 година кој се одржуваше во Охрид. Во финалната пресметка избраниците на Алеш Пипан беа подобри од составот на Работнички со убедливи 81-62. Најефикасни во редовите на МЗТ Скопје беа Марко Симоновски со 17п, Данило Мијатовиќ со16п, Марко Луковиќ 14п и Ѓорѓе Дреновац кој постигна 10п.

МЗТ Скопје во четврток со почеток од 17.00 часот го игра првиот натпревар од АБА лигата против Унион Олимпија, во Љубљана.