МЗТ Скопје Аеродром – Лирија 76-73

МЗТ Скопје Аеродром е освојувач на Купот на Македонија, откако во финалната пресметка беше подобар од составот на Лирија со резултат 76-73 ( 16:14, 26:16, 18:18, 15:25)
Откако првиот период помина релативно израмнето, избраниците на тренерот Мартич успеаа добрата игра во вториот период да ја искористат и на полувремето да заминат со плус 12 разлика во своја корист. По 5 минути игра во второто полувреме тимот на МЗТ Скопје се стекна со највисоката предност од 20 поени, по двете двете едноподруго реализирани тројки на Ѓорѓи Чековски. Сепак, слично како и во полуфиналниот дуел со Кожув, дојде до пад во играта на МЗТ Скопје, па играчите на Лирија успеа да го намалат водството и да го одведат мечот во неизвесна завршница. Во финишот пресуди мирната рака на капитенот Тодор Гечевски кој со четири успешно изведени слободни фрлања успеа да му го донесе на МЗТ Скопје седмиот трофеј од Купот на Македонија.
За најкорисен играч на финалниот натпревар беше избран капитенот на МЗТ Скопје Аеродром, Тодор Гечевски, кој средбата ја заврши со 16 поени и 4 скока. Ѓорѓи Чековски беше стрелец на 15 поени додека Иван Маринковиќ и Кејд Дејвис постигнаа по 14 поени.
Во тимот на Лирија, Бојан Трајковски со 16 поени беше најефикасен играч.