МЗТ Скопје со втора убедлива победа на чекор до 14. куп-трофеј

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја забележаа втората убедлива победа на завршниот турнир од Куп на Македонија, осигурувајќи место во финалето за шесто по ред финале, а вкупно 19-то во историјата на клубот.

„Сино-белите“ беа немилосрдни против Кожув (76-58), кој во ниту еден момент не успеа да се закани со изненадување. Најефикасен во составот на МЗТ беше Мек Смит со 12 поени, додека Андреј Магдевски постигна 11 поени, а Дамјан Стојановски додаде 10 поени.

Финалната пресметка за трофејот против домаќинот Куманово е закажана за утре во 19:00 часот, а МЗТ Скопје ќе се обиде да ја продолжи својата доминација и традицијата на успеси во Купот.