Доминација во финалето – Купот по 14-ти пат е на МЗТ!

Кошаркарите на МЗТ Скопје уште еднаш ја потврдија доминацијата во македонската кошарка, откако со убедлива победа во финалето од Куп на Македонија против Куманово (96-70) го освоија 14. пехар во историјата на клубот, а четврти по ред!

„Сино-белите“ контролираа цел натпревар и доминираа во сите аспекти од играта, одбраната и нападот, покажувајќи зошто се најуспешниот клуб во македонската кошарка.

Најефикасни во тимот беа:
🔹 Мек Смит – 23 поени
🔹 Чарлс Гил – 13 поени
🔹 Душан Танасковиќ – 12 поени и 10 скока
🔹 Андреј Магдевски – 12 поени, 9 скока, 6 асистенции и 6 украдени топки

Со ова финале, Аеродром повторно слави, а МЗТ Скопје го потврдува статусот на неприкосновен лидер и доминантен фактор во македонската кошарка.