МЗТ Скопје го „прескокна“ Гостивар за полуфинале од Купот на Македонија!

Кошаркарите на МЗТ Скопје го направија првиот чекор кон одбраната на трофејот во Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ и тоа со денешната победа во пресметката со Гостивар (87-85), која значеше место во полуфиналето.
Мечот беше тврд, како што очекувавме, но по неколкуте промени во водството, со цврста одбрана прво дојдовме до посакуваната предност (82-71), а потоа и ги издржавме сите налети на крајно мотивираниот противник.

Адем Мекиќ со 19 поени и седум скока беше најпрецизен во нашиот тим, каде што Роберт Рикиќ имаше 18 поени, Бојан Крстевски 17 поени со осум скока, а Кристијан Николов одигра универзално со шест поени, шест скока и осум асистенции.
Противник во утрешниот полуфинален дуел (19.30 часот) ќе ни биде победникот од пресметката помеѓу Работнички и Феникс.