МЗТ ГО ОСВОИ 13. ТРОФЕЈ ВО КУПОТ!

Нашите момци одново го докажаа победничкиот дух! МЗТ Скопје со маестрален настап во финалето против Кожув (86-61) во Гевгелија го подигна 13-тиот трофеј во Купот на Македонија! Доминација каква што можеби досега не е видена во ова натпреварување, откако ги совладавме Работнички со +34, Пелистер со +15 и Кожув со +25.

Најдобри стрелци во нашиот тим беа Андреј Маслинко со 17 поени, Бојан Крстевски со 16 поени и Војдан Стојановски со 12 поени.

Аеродром останува кошаркарска Мека!