Мина една тешка година без нашиот Мац!
Како вчера да беше, а веќе помина една година од моментот кога со неверување и огромна тага ја примивме веста за смртта на нашиот Марјан Михајловски (53 години), вработен во клубот, еден од најпрепознатливите навивачи и пред сѐ човек вечно посветен на својот МЗТ Скопје.
Нашиот Мац уште од времето на поранешната држава беше меѓу авангардата што прва ги постави темелите на навивачкото движење во Македонија и пред сѐ во Аеродром, каде што од прв до последен момент ѝ останува верен на својата најголема љубов. Покрај него израснаа многу генерации навивачи на МЗТ Скопје, а во тие кругови до крајот на животот остана најголема легенда.
Последните десетина години од својот живот беше директно инволвиран во работата на клубот, придонесувајќи на свој уникатен начин за освојување на голем број титули и трофеи во Купот на Македонија. Изминативе 365 дена секоја победа и секој пехар, кои не беа малку, ти ги посветивме на тебе, како наш најголем ангел-чувар на небото. Така ќе биде и во иднина, се додека постои МЗТ Скопје.
Почивај во мир, наш Мац!