МЗТ убедливo го отвори полуфиналето против Куманово!

Кошаркарите на МЗТ Скопјесо доминантна партија ја отворија полуфиналната серија од плејофот, совладувајќи го Куманово со убедливи 81-64 на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“.

Избраниците на тренерот Васко Атанасов со сигурен настап уште од самиот почеток наметнаа силно темпо, остварувајќи предност од 16 поени (26-10) по првата четвртина. Агресивната одбрана и ефикасниот напад продолжија и во продолжение од мечот, па во третата четвртина разликата достигна и до 31 поен (64-33), што беше доволно за мирен финиш и водство од 1-0 во серијата.

Најефикасен во победничкиот тим беше Дамјан Стојановски со 18 поени, притоа реализирајќи шест тројки од седум обиди. Бојан Крстевски постигна 14 поени, Марин Петков додаде 12, а Војдан Стојановски и Дион Едвин запишаа по 9 поени.

Следниот натпревар од серијата се игра во вторник, повторно во „Јане Сандански“. Тимот повикува на масовна поддршка од трибините во мисијата за пласман во финалето.