АБА Лига
Максвел повеќе не е кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром

Американецот Еван Максвел повеќе не е член на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска потпиша спогодбен раскин на договорот со нашиот клуб.
Тој набрзо по доаѓањето го повреди коленото, што подолго време го мачеше и не му дозволи да го покаже сиот потенцијал. Плаво-белиот дрес го носеше на пет меча од АБА-лигата во кои просечно реализираше по осум поени и 2,6 скока.
На Максвел му благодариме за тоа што го прикажа и му посакуваме сѐ најдобро во продолжението од кариерата. Предводниците на клубот веќе ја почнаа потрагата по квалитетно пополнување на празнината под обрачите и за секоја нова информација навремено ќе ве известиме преку нашиот интернет-сајт и преку каналите на социјалните мрежи.