Против Работнички ќе играме в сабота, билетите се со цена од 100 денари!

2017 20 Мар

Првото вечно дерби сезонава ќе се одигра в сабота (25 март), кога кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром на домашен терен ќе го пречекаат големиот спортски ривал Работнички, во меч од 3. коло од Суперлигата кој почнува од 18 часот.

Билетите за овој секогаш суперинтересен натпревар се веќе во продажба и тоа по цена од 100 (сто) денари, а ќе може да се купат на билетарницата при спортскиот центар „Јане Сандански“, како и онлајн преку интернет-страницата http://ticketplus.mk/.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page