Блескаво второ полувреме за огромен исчекор кон полуфиналето од АБА2!

Со блескава игра, пред сѐ во второто полувреме, дојдовме до посакуваната победа над Широки (85-69) во првиот четврт-финален меч од плејофот во АБА2, која и тоа како ни ги зголемува шансите за пласман меѓу четирите најдобри во ова натпреварување.

Во третиот и четвртиот период одигравме маестрално, со срце, борбено, гиневме еден за друг што ни донесе плус 20 (48-28) и со што на најдобар можен начин ја надополнивме негативата од првото полувреме. Маестро Војдан Стојановски блесна кога беше најпотребно и мечот го заврши со 21 поен, а неговата тројка во последните стотинки долго ќе се прераскажува и гледа во забавена снимка. Веднаш зад него според поентерскиот учинок беа Харис Делалиќ со 17 и Душан Танасковиќ со 16 поени и седум скока.

Реваншот е за седум дека во Широки Бријег, каде што мораме да влеземе како да немаме предност и да ја повториме вечерашната игра, бидејќи во тој случај полуфиналето никако нема да ни побегне.